Пренџов останал затекнат: Премиерот ми се јави да ми честита роденден
Опозицискиот пратеник Љупчо Пренџов на социјалните мрежи објави дека премиерот Димитар Ковачевски му се јавил да му честита роденден.
Ова пратеникот на ГРОм го толкува како обид од страна на Ковачевски да го убеди да прејде во двотретинското мнозинство за уставни промени.
„Му благодарам на Ковачевски што ми честиташе роденден, гледам дека тоа е доживување за него. Во контекст на останатиот дел од неговата изјава сакам уште еднаш да потенцирам дека УСТАВНИ ИЗМЕНИ ПОД БУГАРСКИ ДИКТАТ НЕМА ДА ИМА и дека нема да убедат ниту еден од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и коалцијата да се поколеба, макар и по 3 пати да му честитаат роденден.
Ковачевски да се спреми за опозиција, времето доаѓа“, објави Пренџов на социјалните мрежи.
Слично
