Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пренџов: Дете од мајка ќе продадете за да седите во фотелјите

Пренџов: Дете од мајка ќе продадете за да седите во фотелјите

Пратеникот Љупчо Пренџов од ГРОМ попладнево во Собранието изјави дека претставниците од власта и дете од мајка ќе продадат за да останат на власт. 

Тој праша какво е тоа пријателство, ако пријателот те множи со нула, и за него не постоиш, не ти признава јазик. Вели дека трудејќи се да бидат добри комшии, станаа предавници за својот народ. 

„Вие сте одродени Македонци. Дали  им кажавте во Брисел дека Уставот нема да се промени по бугарски ултиматум“, рече Пренџов. 

Вели дека опозицијата на идните избори ќе има 64 пратеници. Пренџов смета дека историјата се повторува, и додека Македонците се борат за своите правдини, а група отпадници ги предаваат. 

„Нема да дозволиме Софија да ни ги пишува учебниците. Нема да дозволиме нашиот јазик да биде нечиј дијалект“, рече пратеникот. 

Тој објаснува дека постојано ќе има вето од Бугарија, доколку не се исполнат нивните барања. Кажа дека ни треба европеизација, а не бугаризација. 

форо принтскрин

Слично

Поврзани вести