Економија, финансии, бизнис

Контакт

Премиерското „мало сутра“ и гестикулацијата ги зовре социјалните мрежи

Премиерското „мало сутра“ и гестикулацијата ги зовре социјалните мрежи

Наместо да се коментираат пораките за политиката и економијата што ги пренесе на партиската трибина во Прилеп, вечерва на социјалните мрежи и на порталите еден од подебатираните моменти е премиерското „мало сутра“, кое се однесува на очекувањата на неговиот политички ривал Мицкоски дека ќе дојде на власт.

Премиерот Зоран Заев денеска од Прилеп порача дека целиот свет го призна тоа што Македонија го сработила во изминатите две години. Според него, само Мицкоски се радува оти претседателот Макрон донел ваква одлука.

„Абе човек државата, државата наша е тоа, само тој среќен целиот исполнет, еве не бидна датумот. И што дека не бидна датумот, мисли дека тоа ќе го донесе на власт. Мало сутра“, му порача Заев на Мицкоски, по што во салата следуваше громогласен аплауз.

Но, она што остави простор за дискусии е гестикулацијата што ја направи премиерот. Според некои, таа била непристојна, па во таа насока бројни досетки се споделуваа на социјалните мрежи. 

Еве го всушност коментираното видео.

https://www.youtube.com/watch?time_continue=10&v=ggR4C3RHU4s

Инаку, Заев смета дека лидерот на ВМРО ДПМНЕ Мицкоски се лаже ако мисли дека ќе дојде на власт по завршувањето на предвремените парламентрани избори наредната година.

Видео: Центар.мк

Слично

Поврзани вести