Премиерот живее во близина, а не гледа: „Дива“ улица излегува директно на пешачки премин
Аналитичарот Жарко Трајановски сподели видео на социјалните мрежи на кое се гледа како улица во Град Скопје излегува директоно на обележан печаки премин. Тој вели дека станува збор за „дива улица“ и дека прашање на време е кога ќе биде прегазен некој пешак.
Според Трајановски, се работи за пешачка патека, која сега се користи непрописно од возачите, како и тоа дека во близина живее премиерот Христијан Мицкоски.
„Ќе чекаме ли корупцијата пак да убие? Кој дозволил тротоарот на најпрометниот булевар во Скопје да се претвори во двонасочна улица во која се влегува и излегува од пешачки премин на „Партизанска“?
Каде е полицијата да ги казнува возачите кои секојдневно и најбезобразно ја загрозуваат безбедноста на пешаците, некои возејќи прилично брзо на тротоар?
Каде е градоначалникот на Карпош, каде е градоначалничката на Скопје да го реши проблемот? Или, пак тие го создале проблемот, и овозможиле пешачкиот тротоар да стане двонасочна улица?
Премиерот живее на неколку стотини метри од тука, секој ден го возат по „Партизанска“ и гледа како се загрозуваат пешаци од „корумпираниот систем“ - и ништо не презема?
Ќе се најде ли јунак да ја реши оваа „дива улица“ - симбол на корупцијата во Карпош и Скопје?“, прашува аналитичарот.
Слично
