Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРЕМИЕРОТ ЗАЕВ СО ПОДДРШКА ЗА ЛГБТИ ЗАЕДНИЦАТА - денеска во Скопје втора Парада на гордоста

ПРЕМИЕРОТ ЗАЕВ СО ПОДДРШКА ЗА ЛГБТИ ЗАЕДНИЦАТА - денеска во Скопје втора Парада на гордоста

Во Скопје денеска ќе се одржи втората Парада на гордоста што ја организира Националната мрежа против хомофобија и трансфобија.   

„Скопје Прајд е настан од и за ЛГБТИ заедницата, но и за сите поддржувачи на борбата за еднаков третман на сите луѓе. Прајдот е протест, но и прослава, на која ги реафирмираме надежите за посолидарно, похумано и поправедно општество“, се вели во соопштението испратено до јавноста. 

Парадата ќе започне од паркот „Жена борец“, а ќе заврши кај Школка во Градскиот парк. Поради одржување на Парадата на гордоста најавен е изменет сообраќаен режим во главниот град. 

„Предвидената траса на движење на учесниците од пред паркот „Жена Борец“, која започнува во 12 часот е по улица „Димитрије Чуповски“, свртување на улица „Даме Груев“ и булевар „ВМРО“ кон Владата на РСМ, па по булевар „Илинден“ до фонтаната во Градски парк и завршува на „Школка“ во Градскиот парк во 17:00 часот, информираа од МВР. 

Оттаму апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите на полициските службеници и да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Премиерот Зоран Заев изрази поддршна на ГГБТИ заедницта.

„ЛГБТИ заедницата ја има владината и мојата поддршка за каузата која значи еднаквост и која последните четири години слободно се манифестира во нашето едно и еднакво општество, а на јавните простори во Скопје и со организацијата на #SkopjePride.

Го делам ставот дека никој не е слободен додека секој еден не се ослободи затоа што нашата заложба за „Едно општество за сите“ ќе се реализира целосно кога секој глас ќе биде слушнат и најважно од сѐ – прифатен како еднакво важен со сите други.

Манифестираме европски и солидарни манири среде Балкан. Ова е нашиот нов Балкан, слободен, човечки и разновиден.

Повикувам здружно да продолжиме да работиме на рушење на ѕидовите и креирање нов и подобар свет за сите нас“, напиша на својата официјална фејсбук страница премиерот Зоран Заев.

Слично

Поврзани вести