Економија, финансии, бизнис

Контакт

Премиерот Заев со честитки до Вардар - Ќе ве бодриме и во финале

Премиерот Заев со честитки до Вардар - Ќе ве бодриме и во финале

Премиерот Зоран Заев, им упати честитки на ракометарите на Вардар за големата победа над ракометниот гигант Барселона, на полуфиналниот натпревар во Лигата на шампиони што се одржа во Келн, Германија.

– Во име на граѓаните на Македонија изразувам голема благодарност до ракометарите на Вардар за огромниот успех. Испишавте историја во ракометот и спортот во Македонија! Сите ние сме горди на вашата тимска игра и спортскиот дух. Македонија е со вас! Среќно на утрешното финале“, е пораката на премиерот Заев до ракометарите на Вардар.

Македонскиот шампион денес од 18 часот во финалето ќе се судри со ПСЖ. Вардар е дебитант во Фајлн фор турнирот на ЕХВ, но и французите никогаш не се израдувале на европскиот пехар, па затоа шансите за титулата се изедначени.

За третото место ќе играат вчера поразените Барселона и Веспрем.

Слично

Поврзани вести