Економија, финансии, бизнис

Контакт

Премиерот Заев понуди помош на Грција за поплавите

Премиерот Заев понуди помош на Грција за поплавите

Македонија е подготвена со своите капацитети доколку е потребно да и помогне на Грција која сега се справува со големите поплави во Атина и други региони кои одземаа човечки животи и нанесоа огромна материјална штета.

Премиерот Зоран Заев испрати писмо со сочувство до својот грчки колега Алексис Ципрас, по трагичните последици од катастрофалните поплави во неколку градови во Грција.

Во писмото премиерот Заев истакнува дека сочувствува со семејствата и роднините на загинатите, повредените, како и со граѓаните погодени од поплавите. 

„Би сакал да ја нагласам нашата подготвеност да Ви понудиме секаква помош во овие тешки времиња за Вашата земја. Нашата Влада и нашата држава се посветени на одржување на добрососедските односи и затоа Ви ја нудиме нашата поддршка во овие несреќни моменти“, се вели во писмото на премиерот Заев до премиерот на Грција, Ципрас.

Заев во писмото изразува надеж дека Грција ќе ги надмине и ќе ги санира последиците од оваа голема природна катастрофа.

Слично

Поврзани вести