Економија, финансии, бизнис

Контакт

Премиерот Заев и сопругата позираа со Трамп и првата дама на САД

Премиерот Заев и сопругата позираа со Трамп и првата дама на САД

Во рамки на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк, претседателот на САД организира традиционален дипломатски прием.

На дипломатскиот прием премиерот Заев и неговата сопруга Зорица направија заедничка фотографија со Доналд Трамп и првата дама на САД Меланија Трамп.

Под фотографијата која е споделена на социјалните мрежи пишува:

„⁠⁠⁠⁠⁠Дипломатскиот прием организиран од претседателот Трамп во чест на 72. ГС на ОН е убава можност за зацврстување на пријателствата и остварување идни соработки во интерес на нашите држави“.

Премиерот денеска ќе има билатерална средба со премиерот на Белгија Чарлс Мишел а во текот на денот предвидени се и други средби и разговори со влијателни гости на Генералното собрание на ОН.

Слично

Поврзани вести