Економија, финансии, бизнис

Контакт

Премиерот Заев го кани Гаши на средба - тема е дали ќе бидат дел од парламентарното мнозинство

Премиерот Заев го кани Гаши на средба - тема е дали ќе бидат дел од парламентарното мнозинство

Првиот човек на Владата, Зоран Заев го кани Африм Гаши од Алтернатива на средба. 

Премиерот Зоран Заев во изјава за Алсат потврди дека во текот на денот имал комуникација со претседателот на Алтернатива, Африм Гаши и побарал од него да го избере денот кога сака да се сретнат за да разговараат околу можноста Алтернатива да стане дел од парламентарно мнозинство. Засега нема конкретен одговор дали Гаши ќе ја прифати понудата. Инаку, партиите на Албанците кои се во опозиција, нагласија дека им е важно да се задржи евроатлантскиот курс и да се одржуваат добри односи со соседите.

Пратеникот Кастриот Реџепи кого го исклучија од БЕСА денеска објасни зошто не дојде на седница кога требаше да се гласа за доверба на Владата. 

Слично

Поврзани вести