Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРЕМИЕРОТ ЗА КОРОНАТА: Можно е да се создава колективен имунитет, половина семејство ми ја помина болеста, моите деца беа позитивни, братот...

ПРЕМИЕРОТ ЗА КОРОНАТА: Можно е да се создава колективен имунитет, половина семејство ми ја помина болеста, моите деца беа позитивни, братот...

Во синоќешното гостување во емисијата Топ Тема на телевизија Телма премиерот Зоран Заев откри дека лично смета оти во земјава се создава колективен имунитет, бидејќи многу граѓани веќе имаат развиено антитела за опасниот коронавирус.

Тој обелодени и интересни детали, дека неговите деца и братот веќе ја поминале короната, односно биле позитивни.

„Оваа состојба со короната трае и трае и трае, и мислам дека треба да заврши. Таа создаде и психолошки проблеми кај луѓето. 

Кога ќе тргнат камионите со вакцините, мислам дека психолошки ќе се растовариме сите. Ќе чекаме да ја примат и Европа, и кај соседите, и кај нас, и да се создаде имунитет“, нагласи премиерот.

Според негово лично мислење, можно е во земјава да се создава колективен имунитет, колективно заразување, според сите информации што стигнале до него. Иако, премиерот Заев рече дека тој за тоа не е стручен и става ограда, како и дека ова треба да го објаснат здравствените експерти.

„Макар што, според мое лично мислење, ако дневно просечно заболуваат по 1.000 лица, има веројатно 10.000 што не знаат за заразат. Затоа веќе се тестира со тестовите за антитетла, IGM и IGG, за да видат колку е тоа отприлика распространето.

Еве, моето семејство половина ја помина короната. Двете деца ми беа позитивни, брат ми беше позитивен, братучедите, внуците... А другиот дел, од тие што е поминаа, меѓу кои сум и јас, јас не сум бил досега позитивен, половина од нив веќе имаат антитела. Отидоа, платија и проверија“, рече Заев.

Премиерот нагласи дека такви проверки на антитела биле направени и во државните институции.

„Се пуштија 10 до 12 илјади тестов насекаде во Мкедонија, и се тестираат луѓе кои не биле заразени, а при проверките се покажа дека имаат голем број на антитела. Тоа самото не се создава. Јас сум имал многу пријатели кои поминаа тешко, но и уште повеќе кои поминаа лесно, немаа симптоми, а беа позитивни. Некои го изгубија вкусот, некои имаа 37,5 до 37,9 степени температура, поминаа лесно. 

Но, мојот другар и пријател, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, дојде до 39 температура, па таа пустата го држеше седум дена, па дојде до напад на белите дробови... Сум имал во семејството случај во многу тешка состојба, но фала богу се спаси. Сум имал пријатели, роднини, кои изгубја драги луѓе. Тоа секако ни се случува, во овие два милиони луѓе некој близок, роднина, пријател, бил погоден“, рече премиерот.

Вели дека се надеваме дека ова ќе заврши, а неговите очекувања се кон крајот на јануари, со оглед на тоа како се развив целиот систем со вакцините, а и стабилизираните бројки во болниците.

„Имаме слободни места, а не како што беше пред десетина дена или пред една недела. Секако, на располагање ни се и приватните капацитети, каде имаме резервни 100 легла. Тоа се менаџира одлично. 

Им симнувам капа на здравствените работници. Нека дојде да тоа да го потпишам за исплата на лекарите, тие се некои два милиони евра, по 800 евра за сите лекари и сестрите што работат. Тие се нашите нови херои и треба да имаат голема почит кон нив. Ќе се наградт и со дополнителни финансиски награди“, рече премиерот Заев.

Слично

Поврзани вести