Економија, финансии, бизнис

Контакт

Премиерот за Еуростандард: Нормално е да имало струмички фирми, во една од нив малцински акционер е и мојот брат, но тие уредно си го плаќаат кредитот

Премиерот за Еуростандард: Нормално е да имало струмички фирми, во една од нив малцински акционер е и мојот брат, но тие уредно си го плаќаат кредитот

Премиерот Зоран Заев во гостувањето во „Утрински брифинг“ на Слободна ТВ ги отфрли обвинувањата за вмешаноста на неговото семејство во пропаѓањето на Еуростандард банка.

„Еуростандард банка е под регулатива на Народна банка како и целиот банкарски систем и државата нема никаква врска ниту во надзор, контрола и управување. Затоа е оставено Народна банка независно да си ги носи одлуките. Во делот на обвинувањата – од илјадници фирми има и струмички. Струмица е во Македонија. Во една во фирмите учествува и мојот брат. Има кредит 35 милиони денари, а заложени се 3,5 милиони евра во објекти и тие во моментот си го плаќаат кредитот, односно од доминантните сопственици, тој е малцински во таа компанија, со 20 отсто. Мојата фамилија реагираше, но колку е пренесено е друга работа. Уште еднаш кажувам – законот важи за сите“, рече премиерот Заев.

Слично

Поврзани вести