Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРЕМИЕРОТ СПАСОВСКИ ОПТИМИСТ: Состојбата со коронавирусот е нормализирана

ПРЕМИЕРОТ СПАСОВСКИ ОПТИМИСТ: Состојбата со коронавирусот е нормализирана

Премиерот Оливер Спасовски смета дека состојбата со коронавирусот во земјава е нормализирана. 

Тој преку својот фејсбук профил им се заблагодари на сите оние граѓани кои, како што рече, одговорно се однесуваа, и помогнаа состојбата да се нормализира. 

Премиерот вели и дека нашите институции функционираат во насока на успешно справување со здравствената криза, а така и ќе продолжи.

„Благодарност и признание на сите оние граѓани коишто многу одговорно се однесуваа во целиот овој период на здравствената криза и коишто впрочем помогнаа состојбата да се нормализира.

Институциите на системот продолжуваат со такво едно функционирање коешто значи успешно справување со оваа криза, меѓутоа секој од нас мора да придонесе да имаме релаксирање на целата состојба околу кризата“, пишува техничкиот прермиер Спасовски.

Во текот на последното деноноќие беа регистрирани 103 новозаразени случаи од коронавирусот, и петмина починати. Болниците, пак, во кои се лекуваат болните од КОВИД-19, имаат речиси максимално исполнети капацитети. 

Слично

Поврзани вести