Економија, финансии, бизнис

Контакт

Премиерот сечеше лента на игралиште во Шуто Оризари

Премиерот сечеше лента на игралиште во Шуто Оризари
Жителите на општината Шуто Оризари добија повеќенаменско спортско игралиште. Лентата ја сечеше премиерот Никола Груевски, во друштво на директорот на Агенција за млади и спорт Александар Пујовски и градоначалникот на општина Шуто Оризари Елвис Бајрам На ова игралиште рече премиерот, може да се игра фудбал, кошарка, ракомет и други спортови, дури и во вечерните часови бидејќи игралиштето е оградено и осветлено. „Овие неколку години имаме навистина многу проекти со кои сакаме да го подобриме животот на Ромите од најразличен аспект, но пред се во делот на образованието, здравството, вработувањата, социјалната политика, културата и други области“, дополни Груевски кој најави изградба на водовод во општината, посочи дека се доградуваат двете основни училишта „Браќа Рамиз и Хамид“ и „26 Јули“, а информираше дека надминати се имотно правните проблеми за новото средно училиште кое почна да се гради. По свеченото сечење лента тој говореше за вложувањата на владата во стипендирање на учениците Роми, посочи дека низ цела држава отворени се ромски информативни центри, има воведено здравствен медијатор за Ромите, бесплатни правни совети, а Владата додаде премиерот, постојано работи на намалување на невработеноста кај ромската популација. Игралиштето е владина инвестиција вредна 7 милиони денари.  Тоа, вели Пујовски, е само дел од заложбите на Владата младите да прераснат во личности кои преку негувањето на основните спортски вредности и спортската култура. „Со пуштањето во употреба на ова повеќенаменско игралиште се заокружува концептот на создавање здрава нација преку делувањето во сите сегменти кои го креираат севкупниот развој на спротот, како што е поддршката на врвниот спорт преку националните спортски федерации, поддршката на спортските клубови, училишниот и универзитетскиот спорт, борбата против допингот и порорците на денешницата, борбата против насилството и недостојното однесување во спортот, донирање спортска опрема и реквизити“, рече Пујовски. Се заблагодари и градоначалникот Бајрам. Вели добиле  спортски терен, кој бил потребен. „Со ова што го направивте докажувате дека и Ромите знаат да спортуваат“, изјави  Бајрам пред присутните.
Слично

Поврзани вести