ПРЕМИЕРОТ СЕ ПОФАЛИ – ДОБИВМЕ ДОНАЦИЈА ОД 1 МИЛОН ЕВРА: Прочистувачи на воздух од германска компанија
Премиерот Христијан
Мицкоски се пофали дека Владата и приватниот сектор прават напори за подобрување на квалитетот
на воздухот.
-Чистиот воздух е наше заедничко право, а загадувањето предизвик кој бара обединет одговор од сите нас. Ова е проблем што бара заеднички напори од целата заедница.
Ја поздравувам најголемата донација во земјата од страна на македонската компанија ЕКОТИП во вредност од 1 милион евра. Оваа значајна донација на напредни прочистувачи од реномираниот германски производител Mann+Hummel ќе обезбеди воздух со највисоки медицински стандарди за најранливите категории:
Во градинките, училиштата, болниците и другите јавни установи каде што квалитетот на воздухот е од клучно значење. Оваа иницијатива не само што ќе го подобри квалитетот на воздухот во јавните установи, туку и ќе помогне во креирање на поздраво општество.
Воедно продолжуваме дијалог со претставниците на германската Mann+Hummel, кои деновиве со тимот на Владата и Екотип ја анализираат можноста за понатамошна соработка со фокус на долгорочни иницијативи и заеднички развојни перспективи.
Ваквите примери нека бидат повик за акција, секој придонес, мал или голем, е чекор кон поздраво општество, напиша Мицкоски
