Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРЕМИЕРОТ ПРИФАТИ: Ќе има средба Заев - Мицкоски

ПРЕМИЕРОТ ПРИФАТИ: Ќе има средба Заев - Мицкоски

Договорена е средба помеѓу премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. 

„Договорена е средба со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, во понеделник во 13 часот во Клубот на пратеници. Ќе разговарам со Мицкоски за најважните прашања од интерес на граѓаните со цел државата да ни оди напред“, објави Заев на Фејсбук. 

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва во Дневникот на Сител телевизија го повика премиерот Зоран Заев на средба, затоа што како што вели државата и граѓаните се во грч, а се очекува сериозност и консензус за важните прашања.

Слично

Поврзани вести