Економија, финансии, бизнис

Контакт

Премиерот преку ЕИБ очекува поддршка за малите и средни претпријатија

Премиерот преку ЕИБ очекува поддршка за малите и средни претпријатија

Премиерот Заев на средбата со Матео Ривелини, шеф на одделот за проекти на Европската Инвестициска Банка во Словенија, Хрватска и Западен Балкан и Дубравка Негре шеф на регионалната канцеларија на ЕИБ, разговарал за поголема соработка со ЕИБ како во инфраструктурата така и во поголема зајакнување на капацитетите на малите и средни претпријатија во Македонија.

„Владата на Република Македонија е силно фокусирана да обезбеди здрава и чиста животна средина за граѓаните на Македонија. На државата и се потребни капитални инвестиции што можат значително да го подобрат квалитетот на живот на граѓаните. Исто така, определени сме да ги развиваме домашните мали и средни претпријатија и кон поддршка на домашните и странските инвестиции. Соработката со ЕИБ е од големо значење во реализацијата на овие програмски определби на Владата и затоа во име на граѓаните на Македонија и на Владата изразувам голема благодарност за долгогодишната помош и поддршка што ја дава ЕИБ на нашата држава и за можноста да ја интензивираме за доброто на граѓаните на Република Македонија“, рече премиерот Заев.

На состанокот е нагласено дека стратешка определба на Република Македонија се ЕУ и НАТО и дека реформите што ги прави Владата со инклузивниот процес во општеството и со отворањето можности за економски развој, ги отвораат вратите на тој пат.

Слично

Поврзани вести