Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРЕМИЕРОТ ОТКРИ КАКО ЌЕ СЕ ПРЕСМЕТУВА ДАНОКОТ НА СОЛИДАРНОСТ - еве што треба да знаат компаниите што имале високи профити

ПРЕМИЕРОТ ОТКРИ КАКО ЌЕ СЕ ПРЕСМЕТУВА ДАНОКОТ НА СОЛИДАРНОСТ - еве што треба да знаат компаниите што имале високи профити

Со данокот на солидарност ќе бидат опфатени околу 200 компании кои оствариле екстра профит во износ од над 10 милиони евра, а сумата што се предвидува да се добие од овој придонес е 80 милиони евра, рече денеска премиерот Димитар Ковачевски. 

„Ова не е време на изобислтво, туку на солидарност, кога секој ќе треба да придонесе за општеството", потенцира Ковачевски

Премиерот Ковачевски очекува законскиот предлог, кој се наоѓа веќе во собраниска процедура, да биде поддржан од пратениците и смета дека нема да има проблеми со данокот имајќи предвид дека се работи „за респектабилни компании, етаблирани на домашниот пазар“.

„Законското решение се однесува на екстра профитот. Добивката од последната година се споредува со просекот од изминатите години и оној дел што е повисок за 20 проценти се оданочува со стапка од 30 отсто. Сите компании опфатени во делот на законските одредби нормално дека во своите даночни биланси на крајот на пресметковниот период треба да го прикажат и овој данок. Не би елаборирал компании поединечно, по индустрии, зашто законот е многу јасен“, истакна Ковачевски.

Тој уште еднаш потсети дека ваков закон има и во некои земји од регионот, како и во држави членки на ЕУ.

„Законот е донесен низ инклузивен дијалог со стопанските комори и со компании кои оствариле високи профити изминатите години. Уште на почетокот на кризата кажавме дека ова не е време на изобислтво, туку на солидарност, кога секој ќе треба да придонесе за општеството“, потенцира Ковачевски.

Слично

Поврзани вести