Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРЕМИЕРОТ ОДЛУЧЕН: Ќе се бори за претседателската фотелја или не?

ПРЕМИЕРОТ ОДЛУЧЕН: Ќе се бори за претседателската фотелја или не?

Талат Џафери најави распишување на претседателски избори во почетокот на февруари а премиерот потврди дека нема да биде кандидат.

Нема да се кандидирам и тука ја затварам дебатата-кажа премиерот Заев во емисијата „Отворено“.

Заев, како наведуваат извори од влада, се залага за одржување на парламентарни избори заедно со претседателски, но за тоа е потребен договор со коалиционите партнери од кои не сите ја поддржуваат таа идеја.

Анкетата која неодамна ја направија Телма и Центарот за меѓународна соработка, покажува дека Заев со 12,4 отсто поддршка од испитаниците има најголема шанса да победи ако се кандидира за претседател.

Веднаш зад него со 8,2 отсто поддршка од испитаниците се наоѓаат лидерот на ВМРО ДПМНЕ Мицкоски и актуениот шеф на дипломатијата Никола Димитров.

Ова го покаќа анкетата спроведена од 7 до 14 декември на 1014 испитаници.

Аналитичарите, укажуваат дека не смее да се занемари фактот дека дури 19 отсто од анкетираните сметаат дека ниеден од понудените кандидати за иден претседател не е добар, додека 15 отсто од нив не одлучиле за кој ќе гласаат.

Слично

Поврзани вести