Економија, финансии, бизнис

Контакт

Премиерот не открива дали се договараат заеднички листи со ДУИ, еве што вели за техничката влада

Премиерот не открива дали се договараат заеднички листи со ДУИ, еве што вели за техничката влада

До мај идната година има доволно простор да се организираат редовни претседателски и парламентарни избори. На средба во Собранието во текот на декември ќе се дефинираат сите детали во однос на одржувањето на изборите, информираше денеска премиерот Димитар Ковачевски. 

Во однос на техничката влада, Ковачевски посочи дека таа е законска обврска, така што, 100 дена пред одржување на изборите согласно Законот за влада којшто е важечки во државата има техничка влада и исто така и тој закон се носи со консензус помеѓу политичките партии во Собранието.  

- Во однос на финалните одлуки што ќе треба да бидат донесени во врска со одржувањето на изборите, се работи за две одлуки. Едната е прво промена на Изборниот законик преку внесување на сите забелешки од ОБСЕ/ОДИХР, на тоа работи работна група. Во почетокот беше работна група во која што учествуваа експерти и претставници на политички партии во Собранието, меѓутоа сега се вклучени и политички партии од власта доминантно, меѓутоа и опозициските партии. Мислам дека за многу краток период ќе имаме изборен законик што ги вклучува сите одредби од забелешките на ОБСЕ/ОДИХР и што ќе овозможи продолжување на одржување на демократски избори во државата какви што ги имавме во изминатите циклуси, а за разлика од оној 11-годишен период кога изборите беа окарактеризирани како недемократски, рече Ковачевски - одговарајќи на новинарски прашања по посетата на компанијата Вабтек МЗТ АД Скопје.  

Информира дека во текот на декември ќе се одржи средба во Собранието, на која ќе бидат дефинирани сите детали во однос на одржувањето на изборите.

- Така како што се правело во минатото ќе биде направено и сега и идната година Северна Македонија ќе оди на избори така како што е пропишано и со закон и со Устав, истакна Ковачевски.

Во однос на тоа дали ќе имаат заеднички листи со ДУИ, рече дека тоа е нешто што е одлука на политичките партии и е предмет на коалициски договори, така што во моментов, додаде, за такво нешто не можеме со сигурност да зборуваме.

Слично

Поврзани вести