Економија, финансии, бизнис

Контакт

Премиерот најави лидерска, ако ја свика Пендаровски една партија нема да учествува

Премиерот најави лидерска, ако ја свика Пендаровски една партија нема да учествува

Наскоро најверојатно ќе има лидерска средба. 

Премиерот Зоран Заев денеска најави одржување лидерска средба до крајот на годинава. Тој очекува лидерската да ја свика претседателот на државата, Стево Пендаровски, но ако тоа не се случи, тогаш иницијативата ќе ја поттикне тој. 

Првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски најави дека неговата партија нема да учествува доколку лидерската ја организира Пендаровски.

Заев и Мицкоски се согласни дека на средбата треба да се зборува за корона кризата, евроинтеграциите и другите прашања кои се важни за граѓаните.

Мицкоски на прес-конференција ја нагласи потребата од итно одржување лидерска средба, но не одговори конкретно со какви барања ќе настапи ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски одговори дека прво треба да се случи лидерската средба, да се види кој ќе биде дневниот ред и врз основа на тоа да излезат со своја позиција.

Maкедонија засега нема да ги почне преговорите со ЕУ, а Заев вели дека Македонија нема вина за бугарското вето. 

Слично

Поврзани вести