ПРЕМИЕРОТ МИЦКОСКИ НА ПРИЕМ КАЈ КРАЛОТ ЧАРЛС: Македонска делегација е во Лондон
Обединетото Кралство се сериозно посветени на реализација на Договорот Влада со Влада, рече вицепремиерот Александар Николоски по средбата со министерот за бизнис и трговија од Обединетото Кралство, Сер Крис Брајан.
На средбата присуствуваа и министерката за финансии, Гордана Кочоска Димитриеска и министерот за надворешни работи и трговија Тимчо Муцунски.
Николоски најави голем број средби со високи владини претставници.
„Денеска ја почнуваме дводневата работна посета на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски во која покрај мене е и министерката за финансии, минстерот за надворешни работи и надворешна трговија и министерот за европски прашања. Главата цел зошто сме тука е Берлинскиот процес, односно средбите на највисоко ниво кои ќе се одржат во текот на утрешниот ден. Берлинскиот процес го организира лично премиерот Кир Стармер и повторно ќе имаме чест во краток период од само 5-6 месеци премиерот Мицкоски да разговара со премиерот Стармер“, изјави Николоски.
Во текот на денешниот ден премиерот Мицкоски ќе има прием кај неговото Кралско Височество, кралот Чарлс.
„Во текот на утрешниот ден ќе имаме и средба со директорот на Инструментот за меѓународна подршка на Обединетото Кралство и министерот за Европа и Северна Америка. И многу значајно, со министерот за транспорт со кој ќе потпишеме меѓудржавен договор за соработка во делот на воздушниот сообраќај, што ќе значи зголемување на можностите за директни летови од Англија кон Македонија за повеќе туристи и повеќе бизнис. Тука се неколку финансиски институции со кои ќе разговараме за финансирање за реализација на големите проекти така што и политичката и економската димензија е огромна и навистина ќе имаме една плодна дводневна посета во Лондон. И првата средба тоа го покажува дека сме на добра патека и првата средба со министерот за трговија и економија покажува дека се силно посветени на реализација на Договорот Влада со Влада меѓу Македонија и Обединетото Кралство“, изјави вицепремиерот Николоски
На самата средба со министерот за бизнис и трговија, Сер Крис Брајан беа истакбати стабилните економски и политички односи, високото ниво на трговска соработка меѓу Македонија и Велика Британија, која е силен партнер во релизацијата на стартешките цели на земјата.
фото Министерство за транспорт и врски
