Економија, финансии, бизнис

Контакт

Премиерот ќе има поголема улога во работењето на тајните служби

Премиерот ќе има поголема улога во работењето на тајните служби

Управата за безбедност и контраразузнавање излегува од составот на Министерството за внатрешни работи.

УБК ќе го смени името и ќе се вика Агенција за национално разузнавање. Со измените на законодавството, поголема улога добива и премиерот. Тој според предлогот ќе го предлага директорот на новата УБК, а исто така ќе ја води и координацијата на националната разузнавачка заедница, во која ќе разменуваат информации сите три тајни служби, новата агенција, агенцијата за разузнавање и военото разузнавање. 

Директорот на Агенцијата ќе биде избран на владина седница по предлог на премиерот, а заменикот ќе биде по предлог на веќе избраниот директор.

Новите предлог закони во безбедносниот сектор предвидуваат и посебно тело кое ќе врши координација на безбедносно разузнавчката заедница. 

Новите предлог законски решенија се доставени во Собранието. 

Слично

Поврзани вести