Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРЕМИЕРОТ ЌЕ ГИ ЗАМОЛИ СОВЕТНИЦИТЕ ДА ГИ ГЛАСААТ ПРОГРАМИТЕ: За Арсовска вели дека е единица мерка за човек кој создава непријатели

ПРЕМИЕРОТ ЌЕ ГИ ЗАМОЛИ СОВЕТНИЦИТЕ ДА ГИ ГЛАСААТ ПРОГРАМИТЕ:  За Арсовска вели дека е единица мерка за човек кој создава непријатели

Првиот човек на Владата и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ќе ги замоли советниците од ВМРО-ДПМНЕ да ги изгласаат програмите што ги бара скопската градоначалничка Данела Арсовска. 

Мицкоски денеска изјави дека ќе ги замоли советниците од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата на следната седница на Советот на Град Скопје да ги изгласаат програмите за кои градоначалничката Данела Арсовска тврди дека ги блокираат, но верува дека тоа нема ништо да смени.

„Но, не е до програмите, ќе видите веднаш“, рече Мицкоски.

Арсовска се жалеше дека советниците не ги гласаат програмите кои се во интерес на граѓаните. 

Премиерот велеше дека таа на средбата во Владата дошла без план, а таа тврдеше дека имала план за решавање на проблемите во Скопје. Арсовска рече дека имала предлог за купување на автобуси. 


фото Фејсбук/Христијан Мицкоски

Слично

Поврзани вести