ПРЕМИЕРОТ ИМА МНОГУ ПРИЈАТЕЛИ, НЕ БЕВ ИЗБРАН ЗА ПОТПРЕТСЕДАТЕЛ ПОРАДИ БЛИСКОСТА - Филипче за новата партиска позиција
Министерот за здравство Венко Филипче не смета дека пријателството со премиерот Зоран Заев било пресудно за тој да добие висока функција во СДСМ, односно да стане потпретседател на партијата.
На прашањето, во интервју за Нова, колку личното пријателство со премиерот Зоран Заев придонело да станете потпретседател на СДСМ, тој со став.
„Премиерот има многу пријатели, не сметам дека моето пријателство или блискост со него е причината за изборот. Напротив, сметам дека добриот менаџмент на ковид кризата и унапедување на многу аспекти во здравствениот систем беа главните причини и за напредок во партиската хиерархија. Јас верувам и се залагам за тоа единствен пристап при изборот на кадри да биде изборот по заслуга и перформанс во работењето. Многу ме радува тоа што гледам дека во новото раководство на партијата како и другите партиски органи се избрани луѓе кои зад себе имаат лични и професионлани успеси и се докажани професионалци во своите области. Верувам дека овој тим ќе донесе многу нови победи но пред се ќе работи во интерес на граѓаните“, вели Филипче.
