Економија, финансии, бизнис

Контакт

Премиерот ги покани граѓаните на прослава

Премиерот ги покани граѓаните на прослава

Премиерот Зоран Заев ги повика граѓаните на прослава пред Школка по повод Денот на независноста. 

„Почитувани граѓани, во недела, со почеток во 11 часот, дојдете заедно да го одбележиме Денот на независноста – 8 Септември, под мотото „Боите на независноста“, во Градскиот парк, пред Школка. Во рамки на прославата, предвидена е богата културно-уметничка и забавна програма, со настапни на Петко и 5+, Денсерс Јунајтед, Виолета Томовска, Ај Кју, Елита Зибери и Драган Б. Костиќ. Ќе можете да учестувате и во активностите на министерствата, да уживате во традиционална храна од сите краеви на Северна Македонија, да учествувате во спортски активности, да ги погледнете вештините на Армијата и полицијата, да го проверите своето здравје и да научите повеќе за заштитата на животната средина“, истакна Заев.

За сите граѓани утре е неработен ден. 

Македонија одбележува 28 години од независноста, откако по референдумот во 1991 година македонските граѓани се изјаснија за самостојна и суверена држава.

Слично

Поврзани вести