„ПРЕМИЕРОТ ДИШЕ ИСТ ВОЗДУХ ИЛИ ИМА ДРУГ?““: Скопјани повторно протестираа за чист воздух
Жителите на главниот град, особено оние од населбите во општина Аеродром, поточно од Ново Лисиче, Лисиче, Аеродром, а дел и од населбите во Гази Баба повторно се собраа денеска пред мостот Близнак меѓу општините Аеродром и Гази Баба на нов протест.

Жителите и попладнево повторно протестираа поради загадувањето на воздухот, поради пожарите на Дрисла и Вардариште, но и новиот пожар во фабрика во Трубарево кој ја крена цела земај на нозе.
Насобраните граѓани дојдоа со бројни пароли, од кои највпечатлива беша она со прашањето:
„Премиерот дише ист воздух или има друг?“
Сакаме воздух, Меѓу две депонии умира еден град, Загадувањето е само визуелно, умирањето реалност... се само мал дел од пораките кои беа испратени

На истата точка се собираат веќе неколку дена, за да го изразат револтот поради загадениот воздух во Скопје, особено во споменатите населби, каде изминатиот период, особено по пожарот во Вардариште секоја вечер има јак мирис, но и замаглување кое е видливо со око.

Ќе има утрински протест кој ќе започне во 7.30 минути, и втор протест во вообичаениот термин во 18.00 часот попладне.

Женски магазин пренесува дел од атмосферата на протестот.
@zenski.magazin Аеродром протестира против загаден воздух -14.09.2025 #protest #zagadenvozduh #nesedise #sakamevozduh #skopje original sound - Andreavanzo_composer
