Економија, финансии, бизнис

Контакт

Премиерот Димитриев упати телеграми со сочувство до Меркел и Медведев

Премиерот Димитриев упати телеграми со сочувство до Меркел и Медведев

Премиерот Емил Димитриев ги осуди терористичките акти кои се случија синоќа во Берлин, Анкара и Цирих.

Тој испрати телеграми со сочувство до германската канцеларка, Ангела Меркел и рускиот премиер, Дмитриј Медведев.

„Со длабока вознемиреност и жалење ја примив потресната вест за грозоморното убиство на вашиот амбасадор, неговата екселенција Андреј Карлов,  во Анкара. Осудувајќи го овој терористички чин, во овие исклучително тажни моменти за Вас, за граѓаните на Руската Федерација и семејството на амбасадорот Карлов, дозволете ми од името на Владата на Република Македонија и од мое лично име, да Ви упатам изрази на искрено и најдлабоко сочувство, Вам и на семејството на амбасадорот Карлов“-  стои во телеграмата упатена до рускиот премиер Медведев.

На Меркел ѝ пиша дека во овие тешки моменти на шокираност и национална жалост, од свое име, од името на македонските граѓани и од името на Владата на Република Македонија  упатува изрази на најдлабоко сочувство на неа и на членовите на семејствата на жртвите. 

Овој грозоморен напад во Берлин претставува напад врз мирот и слободата во цела Европа и напад врз европските вредности, додава Димитриев. Наведува дека Република Македонија остро спротивставувајќи се на тероризмот  активно учествува и ќе продолжи да придонесува во борбата против најголемото зло на денешницата. Тероризмот може и мора да биде победен со заедничка  одлучна и бескомпромисна борба, пишува Димитриев во телеграмата до Меркел.


Слично

Поврзани вести