Економија, финансии, бизнис

Контакт

Премиерот бара поддршка од опозицијата за евроинтеграциите, тие го обвинија за партизација

Премиерот бара поддршка од опозицијата за евроинтеграциите, тие го обвинија за партизација

Премиерот Зоран Заев по средбата со еврокомесарот Јоханес Хан на која се пренесоа детали за итните реформи преку новиот акциски план побара помош и од опозицијата кога се во прашање евроинтеграциите.

Премиерот рече дека ќе бидат фокусирани на реформите во правосудниот систем и ги повика опозицијата, невладиниот сектор и граѓанските активисти и експерти да се вклучат во овој, како што рече, инклузивен процес.

„Направивме краткорочен, среднорочен и долгорочен план со цел да ја отстраниме блокадата, а веќе следната година да почнеме преговори со ЕУ. Ние овој процес ќе го водиме инклузивно. Ја повикуваме опозицијата да се вклучи во реформскиот процес, да дејствуваме заеднички и да ја искористиме подрршката што ни ја дава ЕК“, рече Заев.

Засега од ВМРО-ДПМНЕ како најголема опозициска партија стигнаа само критики против Заев за најавите за промени во правосудството и државната администрација кои ги оценија како обид за воспоставување на партиска контрола.

Слично

Поврзани вести