Премиерите од Западен Балкан идната недела на гости во Брисел: Кој премиер ќе патува во име на Македонија?
Високaта претставничка на ЕУ за надворешна политика Федерика Могерини ги покани премиерите од земјите од Западен Балкан на состанокот во Брисел следната недела.
„За време на неформалната вечера следната среда лидерите од Балканот ќе разговараат за ситуацијата и последните случувања во регионот. Тие ќе разговараат и за следните чекори“, објаснува и портпаролот на Могерини Маја Коцијанчиќ.
Според неа „тоа ќе биде продолжение на разговорите што Могерини ги имала за време на последната турнеја во регионот во почетокот на месец март“.
Засега не се знае кој ќе биде гостин во Брисел од името на Македонија.
Дали мандатарот Зоран Заев кој најави состав на Влада најбрзо за десет дена или пак актуелниот технички премиер Емил засега не е неизвесно.
