Преку шемата за Младинската гаранција до обука и пристојно вработување
Со потпишување на меморандумот за соработка, Амбасадата на Швајцарија, преку ИМЕ програмата, и Министерството за труд и социјална политика, официјално ја започнаа взаемната соработка за имплементација на шемата за Младинската гаранција која има за цел да ги поддржи младите да добијат квалитетна обука и пристојно вработување.
Изминатата недела, експерт со долгогодишно искуство во спроведување на оваа мерка во Словенија вршеше проценка на капацитетите на релевантните чинители и започна со изготвување на првичните чекори за имплементација на оваа мерка насочена кон зголемување на вработувањата на младите.

Слично
