Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРЕКУ СЕЈФ СИТИ ДА СЕ КАЗНУВА И ФРЛАЊЕ ЃУБРЕ ОД КОЛА: Се потпишува петиција

ПРЕКУ СЕЈФ СИТИ ДА СЕ КАЗНУВА И ФРЛАЊЕ ЃУБРЕ ОД КОЛА: Се потпишува петиција


Граѓанската иницијатива „За почиста Македонија“ поднесе петиција до Владата и МВР со која бара камерите од системот „Сејф сити“ да се користат и за санкционирање на фрлање ѓубре и отпушоци од возила. Петицијата е поддржана со над 1.000 потписи.

Од иницијативата посочуваат дека отпушоците се најчестиот вид отпад и содржат токсични материи кои ја загадуваат почвата и водата, а претставуваат и ризик од пожари. Тие сметаат дека системот може да се надгради со алгоритми за препознавање на вакви прекршоци, како што веќе се применува во некои европски земји, без значителни дополнителни трошоци.

„Заедно сме погласни и очекуваме институциите да нè чујат“, порачуваат од „За почиста Македонија“.

Слично

Поврзани вести