Економија, финансии, бизнис

Контакт

Преку проектот „Прашај го министерот“ Димитров ќе ги запознава граѓаните со Договорот од Преспа

Преку проектот „Прашај го министерот“ Димитров ќе ги запознава граѓаните со Договорот од Преспа

Oд следната недела ќе почне проектот „Прашај го министерот“ и секој четврток министерот за надворешни работи, Никола Димитров ќе одговара на прашања од граѓаните поставени преку социјалните мрежи. 

Во текот на неделата граѓаните ќе поставуваат прашања, а секој четврток приквечер Димитров ќе ги одговара на истите преку снимка во живо на социјалните мрежи.

Целта е да се запознаат граѓаните со детали од Договорот со Грција, да се расчистат дилемите и заблудите.

„Уште сега им се извинувам на граѓаните затоа што следниот период често ќе ме гледаат по екраните, во нивни домови и градови и населени места“- рече Димитров. 

Во денешното гостување на 24 тв Димитров им порача на гледачите да го прочитаат договорот.

Слично

Поврзани вести