Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРЕКУ МНР ЌЕ БИДЕ ДОСТАВЕНО ДО ТУРСКИТЕ ВЛАСТИ: Министерството за правда го испрати барањето за екстрадиција на Љупчо Палевски

ПРЕКУ МНР ЌЕ БИДЕ ДОСТАВЕНО ДО ТУРСКИТЕ ВЛАСТИ: Министерството за правда го испрати барањето за екстрадиција на Љупчо Палевски

Maкедонските власти го испратија барањето за екстрадиција на осомничениот за двојното убиство на Вања и Панче, Љупчо Палевски во Турција. 

Министерството за правда го испрати барањето за екстрадиција на Љупчо Палевски кое преку МНР ќе биде доставено по дипломатски пат до турските власти. 

„Oригинал документ е испратен по ДХЛ до Министерството за правда на Република Турција и во скенирана верзија е пратен и до  ИНТЕРПОЛ. Очекуваме соработка со правосудните органи на Република Турција, навремено процесуирање и постапување од нивна страна во најкус можен рок. Барањето за екстрадиција, министерот Кренар Лога го потпиша вчера со што  отпочна процедурата за екстрадиција на Љупчо Палевски. Во текот на денешниот ден  експресно беа преведени сите потребни списи и документи на турски јазик, по што барањето за екстрадиција се испрати на турските власти“, соопштија од Министерството за правда. 

Турската полиција деновиве го уапси Палевски во градот Баликесир. 

Тој прво заминал за Белград, отседнал во хотел, потоа оттука заминал во Бугарија, па во Турција. Toj e oсомничен за убиството на 14 годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74 годишниот Панче Жежовски од Велес. 

Слично

Поврзани вести