ПРЕКУ КОВАКС МЕХАНИЗМОТ ЌЕ СТИГНАТ ВАКЦИНИ ОД ФАЈЗЕР И АСТРАЗЕНЕКА: Се очекуваат до крајот на јануари, но не се знае точно колкав број
Министерот за
здравство Венко Филипче денеска информираше дека уште вчера како ресорно
инистерство добиле писмо од СЗО за во кое е соопштено дека преку Ковакс-механизмот
е можно првите вакцини да пристигнат уште овој месец односно до крајот на
јануари или почетокот на февруари.
-Согласно спремноста на нашиот здравствен систем за нивно аплицирање, нашата земја би била меѓу првите што ќе ги добие вакцините преку овој механизам. Вчера, стигна писмото за најава од страна на Ковакс-механизмот дека е можно вакцините преку овој механизам да стигнат на крајот на јануари или почетокот на февруари. Ние вчера ги пративме и аплициравме со сите документи во однос на спремноста, а тоа се анализата и евалуацијата што ги правевме на нашиот систем заедно со СЗО и практично веќе аплициравме да бидеме во првата група земји во согласност со спремноста на нашиот систем во однос на чувањето на температура на -70 степени, дистрибуцијата и практичната апликација преку центрите за јавно здравје да бидеме во првата група земји што би ги примиле вакцините“, рече Филипче.
Крајниот рок за пријавување е 18 јануари и дури потоа ќе се знае точно кога би пристигнала пратката со вакцини.
Според нивното писмо, како што рече, станува збор за вакцини од „Фајзер“, а следна која доаѓа предвид, вакцината на „АстраЗенека“.
Министерот истакна дека со вакцините од сите ти механизми, директниот договор со Фајзер, преку системот Ковакс, како и од донациите од европските земји ќе бидат вакцинирани 1 милион и 200.000 граѓани, што е речиси 60 проценти од населението, што е доволно да се постигне колективниот имунитет.
А.Б.
