Економија, финансии, бизнис

Контакт

Преку корона кризата Мицкоски сака да си ја спаси фотелјата, обвинува СДСМ

Преку корона кризата Мицкоски сака да си ја спаси фотелјата, обвинува СДСМ

Од СДСМ обвинуваат дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски преку корона кризата сака да си ја спаси фотелјата. 

Велат дека прв кој треба да си даде оставка е токму Мицкоски и да замине од белиот дворец.

„Граѓаните знаат дека во тешки времиња се потребни сериозни и одговорни луѓе, а не лицемерни и недоследни политичари како Мицкоски, за кого коронавирусот е опасен, кога тоа му се поклопува со дневната политичка агенда. Осум месеци ги критикуваше и опструираше сите мерки за заштита, па после ги повика граѓаните да ги почитуваат. Некрофилот Мицкоски броеше жртви и подмолно се радуваше на бројот на починати, во очаен обид политички да профитира врз грбот на починатите и заболените, врз грбот на нивните семејства, роднини и пријатели“, тврдат од СДСМ. 

Велат дека наводно загрижен за здравството, Мицкоски преку негов кадар во преодната влада кочеше заем за опремување на здравствените установи, си одеше во теретана и во кафана кога беше забрането, им лепел партиски етикети на лекарите и ги плашел граѓаните дека нема доволно тестови и заштитна опрема.

Претходно имаше и повеќе повици за вонреден конгрес во ВМРО-ДПМНЕ. 

Слично

Поврзани вести