ПРЕКУ ФЕЈСБУК БАРААТ ПРАВДА: Симпатизерите „не го даваат“ Груевски
Членови и симпатизери на најголемата опозициска партија ВМРО ДПМНЕ , по пат на социјалните мрежи повикуваат на вечерашниот протест и собир за поддршка на екс лидерот Никола Груевски.
Груевски во четвртокот, на 8 ноември, би требало да се јави на издржување двегодишна затворска казна.
Протестот е закажан за вечерва за 19 часот пред зградата на Кривичниот суд во Скопје.
„Кога е на сила неправда, непослушноста е единствен одговор. Борбата за правда почна“ - објавено е на Фејсбук страницата „Правда за Никола Груевски“.
Тој правосилно е осуден на две години затвор поради злоупотреба на положбата, затоа што додека беше премиер наредил купување на луксузен мерцедес.
Груевски бара одложување на извршување на казната, но неговото барање е одбиено.
