Економија, финансии, бизнис

Контакт

Преку ден сончево, навечер нестабилно со нова најава за силни врнежи

Преку ден сончево, навечер нестабилно со нова најава за силни врнежи

Во Македонија денеска ќе преовладува сончево време со умерена облачност, попладне нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб, а долж Повардарието умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се движи од 13 до 18, а максималната од 24 до 29 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде 14 степени, а максималната до 29 степени.

И во првите денови од наредната недела во попладневните часови ќе има појава на нестабилност,  која ќе биде повеќе локализирана.

В понеделник времето ќе биде сончево со умерена облачност, а попладне на места нестабилно, со локален дожд и грмежи, особено во северозападните предели. Минималните температури ќе се движат од 9 до 15, а максималните од 25 до 32 степени.

Времето во вторник и среда ќе биде променливо облачно и нестабилно, попладне со локален пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде од 8 до 17, а максималната од 25 до 33 степени.


Слично

Поврзани вести