Преку 200 полски навивачи не си отидоа дома, МВР утрово ги однесе на судење
Повеќе од 200 полски навивачи кои МВР успеа вчера да ги уапси пред квалификацискиот фудбалски натпревар на Градскиот стадион во Скопје и ги приведе во автобуси на ЈСП не заминаа дома туку изутрина полицијата ги упати на пред судија за прекршоци.
Станува збор за вкупно приведени 223 лица. Биле однесени во полициските станици Гази Баба, Кисела Вода, Карпош и Ѓорче Петров, каде биле задржани цела ноќ. Од МВР велат дека морало да се носат со автобуси затоа што немало доволен број на марици. Иако се мислеше дека тие ќе бидат пуштени по завршувањето на мечот, тие биле држени до рано изутрина.
„Ние доставивме соодветни поднесоци до надлежен суд за прекршоци и сега тој треба одлучи за натамошната казна за навивачите. Очекувавме инциденти со полските навивачи и затоа постојано бевме во контакт со Полската амбасада. Успеавме да спречиме поголеми инциденти благодарение на големото присуство на полициски службеници низ градот“, велат од Министерството за внатрешни работи.
Полските навивачи, кои важат за едни од најагресивните во Европа, се степале меѓусебно во Градскиот парк. На натпреварот присуствуваа околу 2.000 гостински фанови.
