Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРЕКРОЈУВАЊЕ НА ВЛАДАТА: Какви улоги ќе имаат БЕСА, ДУИ?

ПРЕКРОЈУВАЊЕ НА ВЛАДАТА: Какви улоги ќе имаат БЕСА, ДУИ?

Премиерот на Република Македонија, Зоран Заев се уште без понуда за конректни владини позиции на двете крила на БЕСА за влез во владејчката коалиција, но и двете струи официјално најавуваат нова рунда на преговори веќе од вторник.  
Од наредната недела, владини извори, велат дека стартуваат и разговори со ДУИ за тоа дали партијата на Ахмети ќе го задржи министерскотот столче во правда и дали ќе биде прифатлив втор поголем алабански партнер во Владата.

 Заев вчера најави дека со реконструкцијата ќе заврши до крајот на месецот.

- Разговараме веќе за одредени кадри. Јас почнав разговори веќе со политички партии и со пратеници во самиот Парламент. Верувам дека согласно квалитетот на кадарите ќе бидат и назначени самите луѓе. Заради тоа и веднаш не излегувам со ново решение за министер за правда. Сакам да го искористам просторот на преговорите околу реконструкцијата на Владата и нејзиното зајакнување, па во целиот овој пакет ќе го пополниме и испразнетото место – министер за правда, а секако ќе настапиме и со другите решенија, вели Заев.

Владини извори коментираат дека во реконструкцијата освен министерството за правда, во игра се комбинации и од министерските фотелји во култура, образование, труд и социјална политика, како и министерска позиција без ресор. Слободни се и две заменик-министерски места кои досега ги држеше Алијансата на Албанците на Зијадин Села.

Првиот тест на владата на Заев наредната недела во Собранието може да ги открие и новите владини партнери. Демократската партија на Турците која веќе е дел од владејачката коалиција со 1 пратеник најверојатно ќе добие заменичко место.


Слично

Поврзани вести