Прекината „црната серија“ од гастарбајтерите, за прв пат по подолго време пуштија повеќе пари во татковината
Македонските гастарбајтери за прв пат по шест години по ред успеаја да испратат повеќе пари во својата „матица“ и да ја прекинат „црната низа“ на долгогодишен надолен тренд на намалување на девизите кои ги трансферираат на домашните сметки.
Безмалку 315 милиони долари пратиле работници во земјава како лични дознаки од странство во цела 2017 година што според податоците на Светската банка оваа сума е за 25 милиони долари поголема од претходната година кога во земјава по тој основ влегле 290 милиони долари.
Рекордот е забележан во 2011 година кога како лични дознаки се водат 434 милиони долари, но одтогаш па се до оваа година надолниот тренд на континуирано намалување не запираше се до пресметките оваа година.
Слично
