Економија, финансии, бизнис

Контакт

Прекинат штрајкот во МПМ - исплатена е платата за јануари

Прекинат штрајкот во МПМ - исплатена е платата за јануари

Прекинaт е штрајкот на новинарите и медиумските работниците од весниците „Утрински весник“, „Дневник“ и „Вест“ по еден месец, откако Медиа принт Македонија на вработените им ја исплати јануарската плата.

„Барањата на вработените се исполнети и нема основ да продолжи штрајкот“ - изјавија од Синдикатот на новинари и медиумски работници.

Од ССНМ сметаат дека состојбата во компанијата МПМ, во чија сопственост  се дневните весници уште е критична.

Новинарите ќе се вратат на своите работни места. Дневните весници утрово излегоа со преполовени страни.

Изминативе неколку дена штрајкот траеше по 8 часа, а весниците излегоа преполовени. 

Слично

Поврзани вести