Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРЕКИН ВО ЖЕЛЕЗНИЧКИОТ ПРЕВОЗ КОН ГЕВГЕЛИЈА - Напукна столб на мостот на Црна Река, патниците се „премостуваат“ со автобуси

ПРЕКИН ВО ЖЕЛЕЗНИЧКИОТ ПРЕВОЗ КОН ГЕВГЕЛИЈА - Напукна столб на мостот на Црна Река, патниците се „премостуваат“ со автобуси

Бетонски столб на мост на Црна река, по кој сообраќаат возовите во земјава е напукнат, поради што има прекин во железничкиот транспорт. 

Како што информираат од Македонски железници, напукнатиот бетонски столб на мост на Црна Река, на линијата Гевгелија - Велес, меѓу железничките станици Кукуричани – Градско, во близина на Стоби, е причина за целосен прекин на железнички сообраќај на овој патен правец од 15:25 часот вчера. Прекинат е и патничкиот и товарениот превоз.

- Сепак, патничкиот превоз се одвива со „премостување“ - со автобуски превоз. Конкретно, од Скопје возовите ќе сообраќаат до Градско, додека од Гевгелија ќе сообраќаат до Криволак. Од наведените железнички станици - Градско и Криволак, патниците се превезуваат со автобуски превоз. Експерти од Градежниот факултет во Скопје, во текот на денешниот ден планирано е да излезат на терен, за да извршат увид на состојбата - соопшти Центарот за управување со кризи, повикувајќи се на Македонски железници.

Слично

Поврзани вести