Економија, финансии, бизнис

Контакт

Прекин во сообраќајот на патниот правец Кавадарци – Дреново, намалена видливост на патот Лисец - Попова Шапка

Прекин во сообраќајот на патниот правец Кавадарци – Дреново, намалена видливост на патот Лисец - Попова Шапка

Сообраќајот на патниот правец Кавадарци – Дреново кај мотел Дреново од 12:00 – 15:00 часот ќе биде во прекин поради штрајк.

Поради појава на магла видливоста е намалена до 50м на патниот правец Лисец - Попова Шапка.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани - Македонска Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово – Дебар - Струга, Демир Капија - Удово, Катланово - Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен - Буково.

Слично

Поврзани вести