Економија, финансии, бизнис

Контакт

Прекин на еден патен правец поради одрони

Прекин на еден патен правец поради одрони

Прекини има на патот во тетовско поради одрони. 

Сообраќајот на локалниот пат што ги поврзува полошките села Неготино и Ломница од синоќа е во прекин поради одрон од камења и земја кои паднале на коловозот.

Локалните жители случајот го пријавиле во полиција, синоќа околу 20 часот.

Според првичните сознанија на Дирекцијата за заштитата и спасување, кај месноста „кисела вода“ на патот, во должина од дваесетина метри се срушила поголема количина на земјен нанос.

Од утрово, екипи со механизација од општина Врапчиште се испратени на местото и работат на санирање на свлечиштето, а на терен се екипи на гостиварската Дирекција за заштита и спасување. По увидот ќе се направи проценка кога патот ќе биде расчистен и прооден.

Слично

Поврзани вести