Преговорите за СЈО продолжуваат, дали ќе се вклучат и Заев и Мицкоски?
По три неуспешни обиди и многу шпекулации за неговата индина, утре продолжуваат преговорите за продолжување на работата на СЈО во рамки на законското решение за јавното обвинителство кое заеднички треба да го усогласат власта и опозицијата според она што го бара Европската комисија.
Ова го потврди денеска министерката за правда, Рената Дескоска, која најави средба за утре во 15 часот, но не звучеше песимистички бидејќи рече дека со 65-те амандмани за законот за јавно обвинителство ВМРО-ДПМНЕ има намера да го уништат Специјалното јавно обвинителство и да се запрат сите постапки.
- Со тие амандмани се уништува СЈО, се уништуваат истрагите, предистражните постапки и постапките кои ги презело СЈО. Тоа не се амандмани кои можат да го подобрат текстот, кажа Дескоска за ТВ21.
Убаку денеска Пресинг ТВ најави дека до крајот на неделава најверојатно ќе се одржи лидерска средба меѓу шефот на СДСМ и премиер, Зоран Заев со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Точниот датум на средбата се уште не се знае, но извори за Пресинг ТВ велат дека и кај двете страни постои расположение за средба до крајот на неделава.
