Преговорите меѓу СДСМ и ДУИ се засилуваат, на Бејта му се брза на „Илинденска“
Според најновите информации СДСМ подготвиле документ со предлози кој треба да биде ставен на разгледување на претседателот на ДУИ Али Ахмети, а во меѓувреме преговорите на двете партии се засилуваат.
Невзат Бејта, кој е градоначалник на Гостивар и потпретседател на ДУИ, како овластен член во преговарачкиот тим побара што побрзо да се формира влада која ќе се базира на правда, еднаквост и рамноправност.
Што точно содржи документот подготвен за ДУИ засега нема детали, но се претпоставува дека има предлог закон кој ќе го регулира официјалното користење на албанскиот јазик. Преговарачките тимови ги разгледуваат и темите за СЈО како евроатлантските интеграции.
Слично
