Економија, финансии, бизнис

Контакт

Преговори и во наредните денови: Што се разговарало на средбата СДСМ - БЕСА?

Преговори и во наредните денови: Што се разговарало на средбата СДСМ - БЕСА?

Партијата на мандатарот Заев денеска имаше разговори со движењето БЕСА.

Преговорите се одвивале меѓу работни групи и истите ќе продолжат и во наредните денови.

Генералниот секретар на СДСМ Оливер Спасовски ја оцени средбата како позитивна и дека на неа се разговарало за принципите на кои треба да биде формирана идната реформска Влада.

„Принципите во однос на тоа кои луѓе, какви кадри се потребни за да имаме реформи, меѓутоа, тоа е на принципиелни основи и очекуваме дека во наредниот период ќе отвориме малку повеќе детали околу составот на идната влада, се со цел да постигнеме договор и со БЕСА и со другите политички субјекти кои се дел, односно треба да бидат дел од новото парламентарно мнозинство“, изјави Спасовски.

Спасовски рече дека одлуката за поделба на ресори и за кадровски решенија ќе ја соопштат во моментот кога ќе ја имаат .

Запрашан дали Беса бараат министерско место Спасовски одговори:
„Сега разговаравме за принципите, не разговаравме воопшто ниту за поделба на ресори, ниту за други детали кои треба да ги имаме утврдено при праќање на предлогот, така што како за првична средба можам да оценам дека е позитивна, но ќе треба да продолжиме уште многу да работиме“.
Слично

Поврзани вести