ПРЕГОВОРИ, ДРАФТ-ДОГОВОРИ, А ВАКЦИНИТЕ НИКАКО ДА СТИГНАТ: Тенкс фор чајна гивинг бек капар, коментари на огорчени граѓани
Вакцинацијата вака или онака се спроведува несекаде во светот, некаде повеќе, некаде помалку, во зависност од тоа колку владите успеале да набават вакцини. Факт е дека некои започнаа уште лани пред Нова година, но подоцна, сведоци сме на спроведување на процесот на вакцинација против Ковид-19, секојдневно во што поголем број земји, ова се само дел од реакциите на граѓаните по обелоденување на веста дека кинеските се пролонгира пристигнувањето на вакцините од кинескиот производител Синофарм и по информацијата од страна на министерот за здравство, Венко Филипче дека се повлечени парите кои беа уплатени како аванс за овие вакцини.
Истовремено, на социјалните мрежи има лавина од коментари, во кои граѓаните го изразуваат и револтот, но уште повеќе недовербата во уверувањата на властите дека многу скоро вакцини против корона вирусот ќе има и во нашава земја.
Досега нема официјална информација заради каква сигурност е повлечен авансот за вакцината Синофарм, единствено останува уверувњето од страна на Филипче дека ваквиот черкор не значи дека вакцините нема да стигнат.
Во гостувањето во Дневникот на Канал 5 телевизија, министерот истакна дека договорите се во последна фаза.
-Со оглед на тоа што самиот процес траеше подолго време од тоа што сите ние на почетокот планиравме, понатаму се бараа многу дополнителни документи, нешто што се случува практично со сите земји и на тоа практично многу често ни укажуваат, затоа се врати делот од средствата меѓутоа навистина преговорите овие денови, па дури и за време на викендот се во последна фаза и мислам дека целокупниот процес ќе се заврши и навистина вакцините за многу кусо време ќе пристигнат во нашата земја, рече Филипче.
Во однос на вакцините преку КОВАКС механизмот, министерот истакна дека тоа што го имаме добиено како информација од нив е дека 20 до 30 илјади вакцини ќе стигнат во првиот квартал.
-Ги очекуваме вакцините да пристигнат во месец март, тоа се вакцини од производителот Астра Зенека. Интензивно, дополнително разговаравме и со претставниците на вакцината Спутник 5. Верувам дека во текот на оваа недела ќе имаме конкретни податоци, конечно и од најавите на претставништвото на Фајзер од Белград дека драфт договорот ќе пристигне каде што веќе се разработени сите детали. Имавме интензивна комуникација со размена на бројни документи, мислам дека тој процес е навистина заокружен. Тоа што сега се очекува во делот на Фајзер вакцината е да стигне драфт договорот од адвокатската канцеларија на оваа компанија која е сместена во Њујорк, рече Филипче.
Министерот објасни дека со сите прозиводители на вакцини против Ковид 19, брзо одговараме, службата на правници во Министерството за здравство интензивно работи и е посветена екслузивно на таа работа.
Анита Буховски
