Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Прегоре“ телефонската линија во грчката амбасада во Скопје, Македонците најзадоволни од Грција

„Прегоре“ телефонската линија во грчката амбасада во Скопје, Македонците најзадоволни од Грција

Македонците интензивно се јавувале во Амбасадата на Грција во Скопје за информации за влез во земјата и за условите за летување, реферираше Пагона Ларда, тинк-тенк консултант на тркалезната маса за очекувањата на туристите од регионот кои по копнен пат ги посетуваат грчките туристички центри, пренесува телевизија Скај.

Грција ги анализираше податоците на консултантите добиени од грчките дипломатии во Србија, Бугарија, Македонија, Албанија, БИХ и Турција, но и од пораките добиени од грчки хотелиери кои работат на Халкидики. Тркалезната маса беше организирана вчера од грчко-српската комора на Северна Грција, на тема „Лето 2021 година: Поглед кон копнениот туризам“.

Како што пренесува Скај, најоптимистички биле пораките кои доаѓаат од Северна Македонија. Пагона Ларда, консултант на ISD, вели дека по една година изолација, Македонците сакаат да дојдат во Солун, Халкидики и Пиерија.

Покрај тоа, Солун е дестинација за градска прошетка за туристите од Северна Македонија, кои доаѓаат во градот и регионот, не само во лето. Доаѓаат за време на празници но и редовно на кратки патувања и шопинг. 

„Покрај тоа, повеќе граѓани на соседната земја купија живеалишта во северна Грција. Треба да се напомене дека во 2019 година се евидентирани 3 милиони премини од Евзони, кои лани се намалија за 84,5%, додека намалувањето за оваа година се проценува на 50 отсто.

Сепак, телефонските повици до нашата амбасада во Скопје се секојдневни и многумина од северните Македонци сакаат да бидат информирани за условите за преминување на границата“, вели Ларда.

Од друга страна, пишува дека Србите најмногу се жалеле на скапите ПЦР-тестови кои треба да се платат, додека Бугарите имаат поплаки на тоа дека во употреба е само еден граничен премин на кој се чека по неколку часа. За граѓаните на БИГ најголем проблем била далечината, додека на туристите од Турција се уште им пречи лошото инфраструктурно поврзување.


Слично

Поврзани вести