Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРЕГЛЕДАНИ СЕ НАД 40 КАМЕРИ, ИЗВРШЕНИ СЕ РАЗГОВОРИ СО ПОВЕЌЕ ОД 15 ЛИЦА - од МВР велат дека истрагата за убиството на докторот е во напредна фаза

ПРЕГЛЕДАНИ СЕ НАД 40 КАМЕРИ, ИЗВРШЕНИ СЕ РАЗГОВОРИ СО ПОВЕЌЕ ОД 15 ЛИЦА - од МВР велат дека истрагата за убиството на докторот е во напредна фаза

Над 40 камери се прегледани, вклучувајќи ги и камерите од „Безбеден град“ и извршени се службени разговори со повеќе од 15 лица во врска со случајот со свирепото убиство на лекарот кој во четвртокот вечерта беше пронајден мртов со убодни рани на паркингот кај поликлиниката Железара.

Од Министерството за внатрешни работи велат дека се врши и дополнителна криминалистичко-техничка обработка на возилото, се обезбедуваат листинзи од телефонските броеви и се врши нивна анализа.

– Истрагата е во напредна фаза. Единицата за насилен криминал при СВР Скопје во содејство со ОЈО интензивно работат на расчистување на случајот – велат од МВР.

Шесесет и седумгодишниот лекар кој работел како матичен лекар беше пронајден минатата недела во неговото возило со убодни рани по телото. Според пријавата во полиција, телото го пронашле неговите синови откако тој не се вратил од работа.

Матичните лекари вчера од 12 до 16 часот во знак на револт прекинаа со работа барајќи построги казни за напад врз здравствените работници, а Лекарската комора во петокот побара итна разрешница на случајот. Денеска, и министерот за здравство Илир Демири изрази жалење за смртта на докторот и побара од истражните органи да ја спроведа истрагата.

Слично

Поврзани вести